[ФОТО] Најдобриот Украинец ја освоил прекрасната Русинка? Драма поради „забранета љубов“, Мудрик нападнат затоа што ја љуби Виолета!

Супермен

27/11/2023

17:39

11.575

Големина на фонт

а а а

Украинскиот фудбалер Михаило Мудрик сè уште не покажал ништо откако зимата пристигнал во Челзи од Шахтјор, во трансфер вреден околу 80 милиони евра, а сега е во центарот на вниманието и тоа поради ситуација која е ван теренот.

Причината е што тој наводно се вљубил во Русинката Виолета Берта, поради што трпи големи критики во неговата земја – секако поради војната која започна во февруари 2022 година.


Имено, Мудрик ѝ коментирал на секоја објава на Виолета на „Инстаграм“, поради што бил „фатен на дело“ од страна на фановите, а иако на почетокот се чинело дека девојката од Русија го „искулирала“ – се чини дека зад тоа се крие нешто повеќе. Украинецот набрзо ги избришал сите коментари на објавите на убавата Виолета, но обожавателите сега редовно ѝ прикачуваат фотографии и видеа од најскапиот украински фудбалер на сите нејзини нови објави.


Доколку се заедно, двајцата засега се обидуваат тоа да го скријат, бидејќи јасно е дека Мудрик би предизвикал бурни реакции во Украина, со оглед на тоа што се забавува со Русинка, додека прашање е дали нешто подобро би поминала и „Инстаграм“ манекенката Виолета. Некои отишле дотаму што дури забележале дека посетувале исти локации.


Талентираниот фудбалер, кој сезонава постигна два гола за Челси, претходно бил критикуван поради неговиот начин на живот надвор од теренот и прекумерното користење на салата за кревање товар. Мудрик беше блиску до трансфер во Арсенал, но летово го избра Челзи.



Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk