„Одвратен е, подобро да молчи“: Славниот актер немал интимен однос 10 години, а неговото објаснување е навредливо за многумина

Супермен

17/11/2026

10:49

2.459

Големина на фонт

а а а

Не е познато дали актерот и комичар бил сериозен или само се обидувал да се пошегува и по пат ги навредувал своите врсници, но дефинитивно можел да се справи и без оваа изјава, се согласуваат многумина.

Познатиот актер и комичар Том Арнолд (67), најпознат по улогите во ситкомот „Роузан“ и филмот „Вистински лаги“, изненади признавајќи дека живее во целибат, но можеби уште повеќе со својата причина за живеење без интимни врски.

Во разговор за „Page Six“, актерот откри дека иако би сакал љубовта да биде дел од неговиот секојдневен живот, немал секс најмалку десет години.

„Дури и не сум излегол на состанок девет и пол години. Но, повремено мастурбирам, за да ги отстранам јаглеродните наслаги од залистоците“, изјавил комичарот.


„Луѓето ми велат: „Треба да се гледаш со некого на твои години“, а јас им одговарам: „Човече, дали си видел луѓе на мои години? Ние сме ептен одвратни!“, заклучил тој.

Како што се очекуваше, неговата изјава привлече многу негативни коментари, и додека многумина истакнаа дека тој е мизогинист, други рекоа дека тоа многу кажува за Том Арнолд.

„Тој треба да се погледне во огледало. Има многу убави жени во педесеттите и шеесеттите години и се сомневам дека некоја од нив би била заинтересирана за него“, „Со други зборови, никој не го сака“, „Не знам за други луѓе на негови години, но тој е одвратен“... се некои од коментарите.

Тој има четири неуспешни брака зад себе

Популарниот комичар, по седумгодишна врска, стапил во брак со комичарката Розан Бар од 1990 година, но нивниот брак често страдаше поради зависноста на Том од алкохол и дрога.


"Oh, I haven't had sex in nine and a half years. Is that what you mean? But i jerk it off once in a while. Keep the, get the carbon out of the valves"


(via:PageSix)

— sitcom crave (@sitcomcrave) November 14, 2026

Се развеле во 1994 година, а потоа тој беше во уште три кратки бракови, со Џули Лин Чампнел, Шелби Рас и Ешли Граусман, а со својата последна сопруга, од која се разведе во 2020 година, има две деца.

„Би било добро да сакаш некого и да бидеш сакан“, вели актерот денес.

Како што открива, за време на неговата стендап турнеја „Мојата луда поранешна сопруга“ запознал многу привлечни жени, кои му помогнале да открие дека возраста не е толку голема пречка како што мислел дека може да биде.

„Но, открив дека има многу духовити, интелигентни, секси жени во шеесеттите години“, додал Арнолд, кој го слави својот 68-ми роденден во март.


Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk