Веста дека пејачката Селена Гомез има ново момче привлекла огромно внимание.
Многу од нејзините фанови со нетрпение го очекувале моментот кога Селена Гомез ќе си најде ново момче. И, конечно го дочекале тоа.
Но, додека едни се многу среќни поради тоа, други биле среќни додека не дознале за кого станува збор.
А, кое е момчето кое предизвика груби коментaри кај нејзините фанови?
Селена, која имам многу турбулентна животна приказна, открила дека е во врска со музичкиот продуцент Бени Бланк. Таа споделила една фотографија на Инстаграм каде безгрижно лежи на неговото рамо.
Имено, фановите на Селена не му го заборавиле тоа што тој претходно јавно ја нападна пејачката, но очигледно дека таа му го простила тоа.
Пред одредено време Бени во една прилика го фалел поранешното момче на Селена, Џастин Бибер, што многумина го протолкувале како критика на Селена.
Но, Селена открила дека веќе повеќе од половина година се забавува со продуцентот и дека никој порано не ја третирал подобро од него.
Сомнежите дека овој пар е во врска се појавиле пред извесно време. Прво Селена коментирала на една објава на Инстаграм на Бени, а потоа тие биле забележани заедно на роденден, додека Бени ја имал ставено неговата рака на половината од Селена.
Што мислите вие за овој пар?