Јокиќ образложи што би направил ако има временска машина и ја изнасмеа цела публика во Денвер

Дерби

02/01/2024

14:31

4.399

Големина на фонт

а а а

Никола Јокиќ имаше скромно издание за свои стандарди на почетокот на новата 2024-та година, но неговиот Денвер сепак запиша победа против Шарлот и славеше со 111:93.

Србинот го заврши мечот со 13 поени, 11 скокови и 6 асистенции, но покрај одбојкарското додавање кое го изведе, „Џокерот“ бил задолжен и за насмевки меѓу фановите.

За време на паузата, Денвер на видео-бимот ги проследил изјавите на ѕвездите од првиот тим, а поставеното прашање било: Што би направиле ако имаат „временска машина“.

– Би се вратил во времето кога немаше видео снимки, телефони или било што друго.

– Сакам само да видам како живееја луѓето претходно, кога не можевте да му се јавите на никого, – гласи пораката на Јокиќ која предизвика насмевки од публиката.