Ѕвезда на Торонто доби повик за Ол стар мечот, па режираше утка за која му се смее цела Америка

Дерби

08/02/2024

12:31

5.478

Големина на фонт

а а а

Скоти Барнс доби повик за Ол Стар натпреварот кој ќе се игра овој месец и во истиот влегува како резерва, но таквиот статус е повеќе од доволен за да биде уште посериозно следен од јавноста.

Играчот на Торонто има навистина добри бројки оваа сезона и одличен беше и утрово на гостувањето кај Шарлот, натпревар на кој Скоти постигна 18 поени и придодаде со 4 скокови и 5 асистенции.

Торонто славеше на овој меч со 117:123 и ја прекина губитничката серија во претходните три натпревари, но она за што се зборува по крајот е промашувањето кое го имаше новиот Ол-стар играч.

Во самиот финиш од средбата, Барнс имаше еден обид за три поени, а истиот се претвори во вирален хит поради епилогот во дадената ситуација.

Скоти го погоди горниот дел од таблата и малку фалеше топката да заврши на трибините, па НБА сеирџиите не чекаа многу за да му се потсмеваат на социјалните мрежи.