Изјавата на директорот на американската компанија предизвика револт: „Сиромашните треба да јадат корнфлекс и житарки за вечера за да заштедат“

Супермен

01/03/2024

10:19

5.670

Големина на фонт

а а а

Шефот на компанијата „Kellogg’s“ е на удар на критики поради неговиот коментар дека сиромашните луѓе треба да јадат корнфлекс и житарки за вечера за да заштедат пари.

Извршниот директор Гери Пилник го дал ваквиот коментар додека ги опишувал напорите на компанијата да привлече клиенти со пониски приходи, објави „Sky News“.

Оваа изјава се случила за време на маркетиншката кампања и рекламна промоција со слоганот: „Дајте му слободна ноќ на пилешкото“.

„Потрошувачите се под голем финансиски притисок. Ова е причината зошто ги рекламираме житарките за вечера. Ако размислите за цената на житарки за едно семејство во однос на нешто друго што може да јадат, житарките се многу поекономични“, изјавил Пилник за „CNBC“.


„Генерално, категоријата житарки е нешто до кое многу луѓе би можеле да дојдат затоа што чинија житарки со млеко и овошје чини помалку од еден долар. Така, можете да замислите зошто потрошувачите кои се под финансиски притисок може да го сметаат ова како добро за нив“, продолжил Пилник.

На прашањето дали ваквата порака може да биде погрешно примена, господинот Пилник одговорил дека компанијата не мисли така.

„Утврдено е дека повеќе од 25 проценти од потрошувачката на житарки надвор од појадокот е всушност за вечера. Житарките и корнфлексот за вечера се нешто што сега веројатно е повеќе во тренд, и би очекувале тоа да продолжи бидејќи овие потрошувачи се под финансиски притисок“.


Оваа маркетинг кампања доаѓа во време кога инфлацијата е сè уште висока во многу западни земји, особено кога станува збор за намирниците, и покрај намалувањето на стапката во последните месеци.

Интервјуто со Пилник наиде на бура од негативни коментари по емитувањето, а некои критичари дури повикуваат на бојкот на брендот „Kellogg’s“.

Меѓу оние кои ја осудија изјавата беше и сенаторот на Демократската партија Питер Велч, кој рече: „Работник во „Kellogg’s“ кој заработува 20 долари на час ќе мора да работи 96 години за да се изедначи со годишната заработка на г. Пилник од 4 милиони долари годишно“.


Некои јасно го изразија својот револт поради коментарите на Пилник и маркетиншката кампања за која веруваат дека е насочена кон работничката класа.

„Луѓето не треба да јадат житарки и корнфлекс за вечера, туку корпорациите треба да престанат да ги крадат“, гласи еден од коментарите.


Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk