[ФОТО] Додека целиот свет имаше проблем со комуникацијата, Вибер го искористи моментот за одличен маркетинг

Супермен

06/03/2024

10:02

7.566

Големина на фонт

а а а

Падот на Фејсбук, Инстаграм и Месинџер вчера беше инспирација за бројни мемиња и шеги, а некои го искористија овој проблем за реклама на своите мрежи и апликации.

На тој начин Вибер ги покани луѓето да ја инсталираат нивната апликација.

„Одржувајте го вашиот разговор безбеден, сигурен и пријатен. Преземете Rakuten Viber сега и почувствувајте ја разликата“, напишаа тие покрај фотографијата од нивната икона со натпис „Во случај на итност“.


💬 Keep the conversation going with secure, reliable, and enjoyable chats.


Download Rakuten Viber now and experience the difference! 💜

Posted by Viber on Tuesday, 5 March 2024

„Одличен маркетинг“, „Совршен тајминг за промоција“, „Голем аплауз за маркетинг тимот“, „Најдобра апликација досега, Вибер никогаш немал проблеми“, се само дел од коментарите.

За потсетување, вчера корисниците на социјалните мрежи Фејсбук и Инстаграм, како и апликацијата за комуникација Месинџер пријавија дека имаат проблеми со логирањето на нивните профили.

Околу 16:20 часот, корисниците на Фејсбук и Месинџер започнаа да пријавуваат проблеми во работата на апликациите. Многу корисници беа одјавени од нивните профили на Фејсбук и не можеа повторно да се логираат.


Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk