Вака изгледа најсекси жената на светот: „Жешката“ Албанка е најблиску до совршенство

Супермен

19/12/2025

07:42

1.296

Големина на фонт

а а а

Кога се прашувате кои критериуми треба да ги исполни најсекси жената на светот за да се најде на врвот на една таква листа, веројатно првото нешто што ви паѓа на ум не се карактеристиките, туку познатите жени кои, според вас се најсекси.

Идеалните стандарди за убавина често се тема и се многу подложни на промени како што се појавуваат нови трендови, меѓутоа, постојат некои параметри кои се универзални и не треба да се менуваат.


Според истражувањето на „PlayersTime“, идеалната, најсекси жена треба да има кафеави очи, долга кафеава коса и лице во форма на срце. Таа е висока околу 172 сантиметри и витка и многу е веројатно дека има барем една тетоважа на некој дел од телото. Според истражувањето, пластичната хирургија треба да се отстрани од оваа листа.


Интересно е и тоа што ваквите жени вообичаено се веќе зафатени, како што повторно покажало истражувањето. Исто како и кога станува збор за теоријата за златниот пресек, ниедна дама не ги исполнува целосно сите овие критериуми, но има и такви кои се најблиску до нив.


Имено на самиот врв се Дуа Липа, Хејли Бибер, Емили Ратајковски, Шеј Мичел и Лили Олдриџ.


„Следејќи ги жените кои беа на листата „Hot 100“ на Максим од 2016 до 2025 година, гледаме како се развива идеалот за современа привлечност. Имињата може да се менуваат, трендовите може да се променат, но одредени особини остануваат: елеганција, лелеава коса, самоуверено присуство и таа недостижна мешавина од младост и софистицираност“, објаснија од „PlayersTime“.


Од друга страна кога станува збор за мажите, според ова истражување, идеалниот маж е висок најмалку 183 сантиметри, има кафеава коса, кафеави очи и уредна брада. Оваа година, тие критериуми ги исполни Џонатан Бејли, кој е многу блиску до сите параметри.


Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk