„Booking“ е под истрага: Со каква злоупотреба се служи познатата дигитална платформа?

Точка

23/03/2024

19:42

12.960

Големина на фонт

а а а

Италијанската агенција за заштита на конкуренцијата објави дека започнала истрага за да утврди дали дигиталната платформа „Booking.com“ ја злоупотребува доминантната позиција на пазарот за хотелско сместување.

Италијанскиот регулатор се сомнева дека веб-страницата „со преферирани партнерства со некои хотели веројатно го попречува ефективното натпреварување на пазарот за онлајн продажба и услуги за хотелско сместување и резервирање, барем во Италија“.


Таквата стратегија им пречи на други онлајн патнички агенти, со негативно влијание за сместувачките капацитети и за потрошувачите кои се изложени на повисоки цени и ограничен избор, се наведува во соопштението на регулаторот.


Даночната полиција „Guardia di Finanza“ ги пребарала италијанските канцеларии на „Booking“, пренесува „Bankar.me“.


Овој потег ја нагласува важност за зачувување на фер конкуренцијата на пазарот за да се осигури потрошувачите да имаат пристап до разновидни опции за сместување по фер цени.




Спонзорирани линкови

Маркетинг