Популарниот Јутјубер Нинџа, со вистинско име Тајлер Блевинс, објави дека му бил дијагностициран рак.
„Во ред, сè уште сум во мал шок, но сакам да ве известам. Пред неколку недели отидов на дерматолог на годишен преглед на кожата и младежите. Имаше бенка на дното на моето стапало што тие сакаа да го отстранат само за да бидат сигурни. Се покажа дека е меланом, тие се оптимисти дека го фатија во рана фаза“, ја започнал Нинџа својата објава.
„Имав уште една темна дамка блиску до неа, па денес направија биопсија и отстранија поголема површина околу меланомот со надеж дека под микроскоп ќе се видат јасни немеланомски рабови. Благодарен сум што имам надеж дека е откриен рано, но ве молам сфатете го ова како потсетник за прегледи“, додаде тој.
Alright I’m still in a bit of shock but want to keep you all updated. A few weeks ago I went in to a dermatologist for an annual skin/mole check that Jess proactively scheduled for me. There was a mole on the bottom of my foot that they wanted to remove just to be careful. It…
— Ninja (@Ninja) March 26, 2024
„Веројатно немаше да почнам да закажувам годишни прегледи на кожата да не се преселивме на Флорида. Меланомот на стапалата не е поврзан со сонцето, така што сепак ќе беше таму и можеби немаше да го најдеме. Тука сум за да бидам силна за тебе“, напишала сопругата на Нинџа, Џесика Блевинс.
Меланомот е малигнен тумор на кожата кој произлегува од меланоцити - специјализирани клетки кои произведуваат меланин. Ракот обично е предизвикан од изложување на сончевото ултравиолетово зрачење. Сепак, возраста, бледата кожа, младежите и семејната историја се потенцијални фактори за потенцијален развој на меланом.
Нинџа е американски онлајн стример, Јутјубер и професионален гејмер. Постепено се здоби со популарност кога почна да игра „Fortnite Battle Royale“ на крајот на 2017. Го следат нешто повеќе од 23 милиони луѓе на неговиот канал на Јутјуб, а неговите видеа имаат вкупно над 2,5 милијарди прегледи.
Популарен е и на други социјални мрежи како што се ТикТок и Инстаграм. Добитник е на бројни награди во светот на стримингот, а се занимава и со хуманитарна работа. На добротворна акција за собирање средства одржана во февруари 2018 година, Блевинс собра повеќе од 110.000 американски долари, кои ги донираше на Американската фондација за превенција од самоубиства.
Тој учествуваше на хуманитарниот настан #Clips4Kids во 2018 година со неколку колеги стримери, и собраа над 340.000 долари за Детската истражувачка болница „St. Jude“. На настанот „Electronic Entertainment Expo“ во 2018 година, тој и неговите колеги стримери собраа донација од 1 милион долари која отиде во добротворна организација по нивен избор.