[ФОТО] Актерот Лазар Ристовски држејќи се за раце со 39 години помладата Аница, ужива на Малдиви: „Кога тој ме води, јас не прашувам каде“

Точка

27/03/2024

13:27

20.049

Големина на фонт

а а а

Актерот Лазар Ристовски моментално ужива на егзотично патување со 39 години помладата девојка Аница Лазиќ.

Лазар и Аница заедно отпатувале на Малдиви, а актерката на својот Инстаграм профил споделила заедничка фотографија.

Имено, на фотографијата тие двајца се прикажани како излегуваат од водата држејќи се за раце.

„Кога тој ме води, јас не прашувам каде“, напишала Аница во описот на фотографијата.

Да ве потсетиме, Аница Лазиќ неодамна открила дали како млада фантазирала за својата венчавка.

„Јас не фантазирав многу за венчавка кога бев девојче, ниту денес тоа ми е многу важно. Јас тоа повеќе го гледам како форма, а мене поважна ми е суштината. Нас жените ни годи да носиме венчаници. Не патам од тоа да се венчам, поважно ми е да ја живеам суштината на љубовта, а тоа веќе го имам, му благодарам на Бог“, изјавила таа.

Нивната љубов наиде на бројни осуди, а Аница се соочила со многу критики, но јасно и гласно застанала зад љубовта. Како што вели, негативните коментари уште повеќе ја зајакнале.

„Себеси си дадов ветување дека во љубовта ќе бидам храбра, тука не дозволувам да бидам кукавица и секогаш го правам тоа што моето срце го бара“, изјавила таа во една емисија.



Спонзорирани линкови

Маркетинг