Алжирците пробија по десната страна, а на работ од петерецот му ја дадоа топката на актерот кој можеби „си ја купи“ Пушкаш наградата за најдобар гол во 2024-та. Постигна гол како Тсубасе Озоре во анимираниот филм.
Иако натпреварот беше пријателски, вистински спектакл направија Алжир и Јужна Африка со вкупно постигнати 6 голови (3-3), а оној за конечниот резултат во 70-тата минута го постигна Јасин Бензиа.
Натпреварот одлично го отворија репрезентативците на Алжир и поведоа во 22-ра минута од мечот со голот на Бензиа, но Јужноафриканците направија пресврт до полувремето. Прво Зване постигна гол во 34-та минута за 1-1, а во петтата минута од продолжението истиот фудбалер постигна гол за пресврт. И второто полувреме беше одлично, па така Алжирците се вратија во 53-тата минута преку Брахими.
Тринаесет минути подоцна Јужна Африка поведе со 3-2 со голот на Рајнерс, но повторно се вратија домаќините. Алжирците пробија по десната страна, а на работ од петерецот му ја дадоа топката на актерот кој можеби „си ја купи“ Пушкаш наградата за најдобар гол во 2024-та. Во стилот на Тсубасе Озоре во анимираниот филм сам си ја поткрена топката и постигна гол со ножички во 70-та минута. Коментаторите врескаа, па се смееја од среќа.
„Извонредно, фабулозно, неверојатно“, ределе епитети.
Бензиа инаку го носи дресот на азербејџански Карабаг, а голот можете да го погледнете ТУКА.
😱 CANDIDATO A PREMIO PUSKAS
— ÁFRICA FUTBOLERA (@AfricaFutbolera) March 26, 2024
EL GOLAZO DE LAS FECHAS FIFA 🔥
¿Qué hiciste Yassine Benzia? 🇩🇿👇🏼 pic.twitter.com/SO6eEMZWu7