Познатиот психијатар го прашале дали верува во Господ и неговиот одговор ги оставил сите без зборови: Со оваа реченица открил сè

Точка

10/04/2024

10:35

18.743

Големина на фонт

а а а

Ставовите и стручните процени на познатиот швајцарски психијатар и основач на аналитичката сложена психологија, Карл Густав Јунг, заземаат видно место во светската психологија, а неговите мислења за различни теми допреле до исклучително голем број луѓе.

Овој научник дефинитивно спаѓа во групата на експерти кои имале, а преку неговиот зборови и денес сè уште има големо влијание врз јавноста. Затоа и не е чудно што неговиот одговор на прашањето за Бог е толку интересен за луѓето на социјалните мрежи – и тоа 63 години по неговата смрт.


Често се води полемика за односот помеѓу науката и религијата и дали овие две ставки исклучуваат една друга или совршено се надополнуваат.

„Дали порано верувавте во Господ?“, го прашале Карл Густав Јунг. Тој одговорил: „О, да“.

Следело прашањето: „Дали сега верувате во Господ?“.

„Сега? Тешко е да се одговори. Знам. Не морам да верувам. Знам“, низ насмевка одговорил психијатарот.

Го забележавте ли неговиот израз на лицето и насмевката кога вика – знам?“, го издвојуваат токму тој детаљ на „Instagram“ и додаваат: „Да, како да живее во реалноста со Бога, чиста потврда“.


Коментарите на изјавата на Јунг гласат и вака: „Човекот кој рече – ЗНАМ“, „Големите умови секогаш на крајот доаѓаат до вистината“, „Знаењето е помоќно во пронаоѓањето вера отколку самото верување, не можете да верувате без тоа“; „Голем човек“, „Најубаво е што можете да ја почувствувате неговата вера“.

Некои, пак, биле збунети од неговото „Знам“, а повеќето истакнале дека тој на одличен начин објаснил како треба да се прикаже својата вера.

Јунг пораснал како син на протестантски свештеник, пред да се запише на медицина, размислувал да студира археологија, а потоа и филологија. На само 25 години станува асистент на познатиот психијатар Јуџин Блојер, докторирал на 27 години, а на 30 години станал доцент на „Универзитетот во Цирих“. Со сопругата Ема Раушенбах имал 5 деца и таа била негова соработничка до крајот на животот.


Карл Густав Јунг оставил значаен белег во светската наука преку теориите за личното и колективното несвесно, типологијата на личноста и динамиката на моќта, напишал бројни дела, меѓу кои најзначајни се „Спомени, соништа, мисли“, „Симболи на трансформацијата“, „Човекот и неговите симболи“, „Архетипови и колективно несвесно“, „Аналитичка психологија“ и многу други.




Спонзорирани линкови

Маркетинг