Бразилската инфлуенсерка открила зошто го напуштила легендарниот Кака: „Тој беше премногу совршен за мене“

Супермен

12/04/2024

20:34

16.021

Големина на фонт

а а а

Во едно неодамнешно интервју, бразилската инфлуенсерка Каролине Селико открила зошто го оставила легендарниот фудбалер Кака, а причината која ја навела многумина остави во сомнеж.

Мајката на двете деца на Кака изјавила дека славниот фудбалер бил премногу совршен и дека тоа е главната причина за развод по 10 години брак.


Овој пар се разведе уште во 2015 година, и тоа крена голема прашина во јавноста, а Селико дури сега проговорилa за причините за таквиот потег.

„Кака никогаш не ме изневери, секогаш се однесуваше добро со мене, ми даде прекрасно семејство, но јас не бев среќна. Нешто недостасуваше. Проблемот е што тој беше премногу совршен за мене“, гласат нејзините зборови кои ги пренесоа бразилските медиуми.

Со тоа, Каролине ги демантираше приказните за неверството на Кака за кое медиумите пишуваа дека е причина за разводот.


Зборовите на поранешната сопруга на Кака предизвикаа лавина коментари и спротивставени мислења на социјалните мрежи. Додека некои изразиле поддршка и разбирање за „неволјите“ на бразилската инфлуенсерка, други ги критикувале нејзините причини за развод од маж кој, според нејзините зборови, бил „премногу совршен“.

Инаку, љубовниот живот на Кака продолжи по разводот со Селико. Славниот фудбалер на Милан и Реал Мадрид денес е во брак со Каролина Дијаз со која има две деца.


Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk