Човек од народот: Марјановиќ со еден потег ја крена публиката на нозе во Лос Анџелес

Дерби

15/04/2024

12:54

5.046

Големина на фонт

а а а

Хјустон Рокетс успеа да победи во последниот меч за оваа сезона и тоа на гостувањето во Лос Анџелес кај Клиперс со 115:105.

Резултатот не им беше важен на двата тима, па во таква ситуација Бобан Марјановиќ направи вистинско шоу со еден потег, а директно учествуваше во уште еден во кој играчите, публиката остана шокирана.

Во првата ситуација, Марјановиќ покажа дека е човек од народот, па со две промашени слободни фрлања и овозможи на публиката бесплатно пилешко. Имено ако играч промаши два пенали, навивачите добиваат пилешко, а Боби им излезе во пресрет на навивачите кои беа возбудени и намерно не го реализираше второто слободно за да им овозможи бесплатна храна.

Втората ситуација е потфрлањето во последната четвртина во кое Боби кој е висок 223 сантиметри за ривал го имаше Ксавиер Нун со 183 сантиметри. Погодете кој беше поуспешен 🙂.



Спонзорирани линкови

Маркетинг