Филмот „Love Lies Bleeding“ во којшто главната улога ја има Кристен Стјуард предизвикал големи реакции во јавноста, а на премиерата во Брисел се случил голем хаос.
Над 60 жени морале да побегнат од премиерата, а организаторите тврделе дека имало најмалку три случаи на физичко насилство.
Белгиската компанија за дистрибуција која стои зад трилерот го осудила она што го опишала како „хомофобично, дискриминаторно“ во текот на проекцијата на Меѓународниот фестивал во Брисел.
Учесниците навеле некои од моментално најлошите моменти на проекцијата.
„Ја знаеме разликата меѓу стандардните шеги и лезбофобични навреди и коментари. Кога членовите од публиката аплаудираат во текот на сцената на силување, кога со пантомима мастурбираат и ги довикуваат актерките извикувајќи „одвратно“ и „вистински лезбијки“ тоа е навистина одвратно“, навел соговорник за „Variety“.
Дејството на овој романтичен трилер во режија на Роуз Глас сместено е во 1989 година, а ја следи приказната на менаџерката на теретана Лу која запознава и се вљубува во помлада жена со име Џеки која вежба во теретаната.
I hardly slept thinking about Love Lies Bleeding. The whole movie is a masterpiece. You will never be able to look away from the screen and that's a promise. I'm still speechless. pic.twitter.com/vezWBXz7lj
— LadyLover (@MultiGayShipper) March 16, 2024
Нивната љубов набрзо доведува до насилство додека се вовлекуваат длабоко во криминалната мрежа на семејството на Лу.
Филмот изобилува со еротски сцени меѓу двете жени, што дел од публиката го прифатило како изразено негативно поради што настанал целиот тој хаос.