Фелипе Андерсон долго време се поврзуваше со трансфер во Јувентус, но иако на крајот Бразилецот потврди дека навистина ќе го напушти Лацио, реши да замине во сосема друг клуб.
Андерсон доцна синоќа објави соопштение со кое потврдува дека нема да потпише нов договор со Лацио и по крајот на сезоната заминува, но кариерата ќе ја продолжи во Палмеирас.
До последен момент се очекуваше дека Бразилецот ќе ја прифати понудата на Јувентус, за која неговите агенти преговараа долго, но на крајот излезе дека Андерсон ќе се врати во татковината.
Интересно е дека самиот фудбалер во соопштението само информира дека ја завршувата својата втора етапа во редовите на Лацио, а малку подоцна Палмеирас преку социјалните мрежи објави дека го обезбедила потписот на Андерсон.
𝑈𝑛𝑎 𝑠𝑐𝑒𝑙𝑡𝑎 𝑠𝑒𝑚𝑝𝑙𝑖𝑐𝑒! 🤭
— SE Palmeiras (@Palmeiras) April 15, 2024
Da Itália para o #MaiorCampeãoDoBrasil! Felipe Anderson acerta com o Verdão! 🆕💪 ➤ https://t.co/eifCyfiYuE#AvantiPalestra pic.twitter.com/rzlcHoQnK4