Алкарас: Ѓоковиќ има слаби точки, но…

Дерби

17/04/2024

13:00

344

Големина на фонт

а а а

Новак Ѓоковиќ нема добри резултати во првите неколку месеци во оваа сезона, но без разлика на тоа тој се уште е број еден на АТП листата.

Србинот нема освоено ниту една титула што секако е изненадување, меѓутоа тоа не значи дека е во криза и за тоа се свесни неговите колеги, конкурентни како што е Карлос Алкарас.

- Ѓоковиќ никогаш не е ранлив. Сега нема извонредни резултати, иако се уште се многу добри. Полуфинале на грен слем и Мастерс во Монте Карло. Она што се случува е дека сме навикнати да го гледаме како се освојува.

- Нема тенисер без мани. Слаби точки има и Ѓоковиќ, иако се чини дека ги нема. Но, тешко е да се најдат бидејќи се многу мали и тешко се гледаат, - истакна Алкарас кој го откажа учеството на турнирот во Барселона поради болки во раката.



Спонзорирани линкови

Маркетинг