Гундоган: Секој детаљ се казнува во ЛШ, подобро да примевме гол…

Дерби

17/04/2024

13:02

1.245

Големина на фонт

а а а

Барселона загуби од Пари Сен Жермен (4-1) и со тоа го заврши настапот во Лигата на шампионите во оваа сезона.

Каталонците имаа добар резултат од првата средба, добро отворање на реваншот на „Монжиук“, меѓутоа по црвениот картон кој до доби Араухо работите се променија, домаќините беа во подредена позиција, направија грешки при сите голови кои ги примија и на крајот доживеаа тежок и болен пораз.

- Многу сум разочаран и ова е фрустрирачко за нас бидејќи бевме во многу добра позиција, не само по првиот меч, туку и откако поведовме во реваншот. Се беше во наши раце и потоа се премногу лесно прокоцкавме, - вели Илкај Гундоган кој беше многу директен.

- Ако Араухо го фаулираше, тогаш тоа е црвен картон, но не го видов забавенаат снимка. Во вакви клучни моменти, треба да се погрижите прво да стигнете до топката. Подобро е да примиш гол, отколку да останеш со играч помалку. Можеби ни напаѓачот немаше да стигне до топката или немаше да ја реши ситуацијата со гол. Најтешко е да останеш со играч помалку и на тој начин да добиеш црвен картон. Што се однесува до пеналот што го барав, трчав и играчот ме сопна, имаше контакт и тоа му го кажав на судијата и добив жолт картон, - рече Германецот и заклучи:

- Во Лигата на шампионите не е важно кој е вашиот противник, секој детаљ е казнет. Жал ми е, многу сме разочарани, имавме се под контрола, - подвлече играчот за врска.



Спонзорирани линкови

Маркетинг