Каталонците тврдат дека Макез ќе биде новиот тренер на Барселона

Макфакс

17/04/2024

15:44

1.068

Големина на фонт

а а а

Чави Ернандез на крајот од сезоната ја напушта клупата на Барселона, а според информациите кои доаѓаат од Каталонија негов наследник ќе биде Рафаел Маркез.

Чави ја презеде Барселона на крајот на 2021 година, минатата сезона ја освои шампионската титула, но се чини дека не можеше да го издржи притисокот. На почетокот на годината објави дека на крајот од сезоната ќе го напушти клубот.

Ден по елиминацијата на Барселона од Лигата нашампионите, локалните медиуми објавија дека Рафаел Маркез ќе биде новиот тренер.

Мексиканецот моментално е на чело на Б тимот на Барселона.

„Опцијата Рафа Маркез да го преземе тимот расте. Мексиканецот е главен фаворит за оваа функција доколку Чави не се предомисли“, пишува „Мундо Депортиво“.

Маркез нема премногу тренерско искуство. Од 2022 година седи на клупата на Б тимот на каталонскиот клуб, а претходно работеше во помладите категории на Алакле.



Спонзорирани линкови

Маркетинг