Мис AI: Се избира најубавата компјутерски генерирана жена

Супермен

17/04/2024

16:31

5.463

Големина на фонт

а а а

Изборите за мис можеби не се толку популарни како некогаш, но со помош на новите технологии имаат добри шанси повторно да го привлечат вниманието на пошироката јавност.

Мис AI е, баш како што сугерира името, избор за најубава компјутерски генерирана жена, односно „AI жена“, а кандидатките се натпреваруваат во различни категории.

Зад овој натпревар стои организацијата „World AI Creator Awards“, а може да се пријави секој. Сè што треба да направите е да испратите фотографија од својата „AI жена“, а потоа да одговорите на долга серија прашања.

Некои од овие прашања се однесуваат на самите „натпреварувачки“, како на вистинскиот избор за мис, но некои се упатени до нивните креатори, за да се види на кој начин ги направиле, како и колку следбеници успеале да добијат на социјалните мрежи.

Ќе се разгледува и колку пари му донела AI генерираната жена на својот креатор, но ќе се гледаат и нивните детали за да се види колку се веродостојни, односно колку реално изгледаат.

Притоа посебно внимание ќе се посвети на очите и рацете на моделите, бидејќи токму тоа е она со кое AI софтверот најмногу се мачи при генерирање на човечки ликови.

Ако сето ова ви изгледа претерано, можеби наградата ќе ве убеди во спротивното - мотивацијата за учество на креаторите претставува награден фонд од 20.000 долари.


Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk