Не ги игнорирајте симптомите: 20 знаци дека сте под голем стрес

Точка

17/04/2024

18:00

6.866

Големина на фонт

а а а

Хроничниот стрес обично тивко, но постојано влијае на нашиот организам кој сè проживува и памти. Научете да ги препознавате симптомите кои нè предупредуваат дека е време да го промениме нашиот начин на живот.

Подолу се дадени некои од симптомите кои укажуваат дека сте под голем стрес.

1. Изморени сте без разлика на соодветното количество сон

Спиете редовно и доволно, но дури и по добар ноќен сон се чувствувате многу уморни и би сакале веднаш да се вратите во кревет.

2. Наутро тешко се будите

Поради изложеност на долготраен стрес, надбубрежната жлезда навремено не го излачува доволно хормонот кортизол, кој наутро обично го поттикнува производството на енергија во нашето тело и ни помага да се разбудиме.


3. Немирни соништа и кошмари

Со количината на сон, бројот на позитивни и убави соништа прогресивно се зголемува. Но, кога сме нервозни и напнати, почесто се будиме, поради што се намалува можноста за достигнување на степенот на сон во која изморените и оптоварени соништа ги заменуваат позитивните и опуштени слики.

4. Имате силна желба за солена храна

Хроничниот стрес доведува до нерамнотежа во количината на електролити во телото, па затоа одвреме-навреме имаме потреба од нешто солено.

5. Чувствувате вртоглавица кога ќе станете од седечка, лежечка или клекната положба

И тоа е директна последица на недостигот на електролити.


6. Тежок ПМС и нередовни менструации

Во телото се лачи вишок на хормоните на стресот, што пак, влијае на нерамнотежата на половите хормони. Сето ова резултира со силни симптоми на предменструален синдром (ПМС) и неродвен циклус. Болните менструални грчеви се двапати почесто се појавуваат кај жените под стрес отколку кај оние кои не се под негово влијание.

7. Често настинувате

Хроничниот стрес доведува до опаѓање на имунитетот, поради што нашето тело тешко се бори против бактериите и вирусите со кои сме опкружени и ја губи отпорноста на нив.

8. Одеднаш веќе не знаете како да се справите со стресните ситуации

Некогаш сте ги дочекувале подготвено и брзо сте се снаоѓале по соочувањето со некој проблем, а сега едноставно не знаете од каде да започнете и како да го намалите чувството на паника. Ова се случува затоа што по долга изложеност на стресни ситуации, нашата способност на толеранција и отпорност на стресот значително се намалува.


9. Не можете да „преживеете“ ниту еден ден без кофеин или енергетски пијалаци

Задолжително варите кафе или пиете енергетски пијалаци за да се чувствувате помалку изморени и да го разбистрите умот? Вашите природни резерви на енергија се испразниле поради стресот.

10. Главоболки за викенд

Послаби главоболки или поинтензивни мигрени може да се појават во текот на викендот, кога опаѓа нивото на стрес и напнатост.

11. Ненадејна појава на акни

Воспалената кожа исто така може да биде знак за стресен начин на живот. Ако ве мачат токму вакви мозолчиња, третирајте ја кожата со препарати кои содржат салицилна киселина или бензоил пероксид, како и со некомедоген хидратен крем кој нема да ја исуши кожата. Доколку кожата не реагира позитивно во текот на неколку недели, задолжително посетете дерматолог.

12. Кожни болести

Чешање, атопичен дерматитис или себореја се кожни болести кои се предизвикани од емоционалното оптоварување на хроничниот стрес.

13. Појава на нови алергии

Хормоните на стресот го стимулираат лачењето на имуноглобулин Е, протеин во крвта кој е одговорен за алергиски реакции во организмот.


14. Болки во стомакот

Иако поврзаноста помеѓу анксиозноста и абдоминалната болка сè уште не е доволно медицински истражена, во многу истражувања е докажано дека грчевите во абдоменот се предизвикани од нервоза и други симптоми на стрес, како што се анксиозност и страв.

15. Нагло дебелеење или слабеење

Не сте направиле никакви промени во исхраната, но одеднаш се здебелувате или, пак, нагло слабеете. Стресот може да биде причина за хормоналните промени кои исто така влијаат и на вашата тежина. Тоа особено влијае на работата на штитната жлезда, а токму необјаснивото дебелеење и слабеење се еден од знаците дека тироидата ви прави проблеми.

16. Проблеми со киселини во желудникот (рефлукс)

Најчесто ги предизвикуваат храната и пијалаците што ги консумираме, но киселините можат да бидат и резултат на стрес, кој исто така поттикнува прекумерно лачење на киселина во желудникот.

17. Често се чувствувате вознемирени (анксиозни)

Стресот влијае не само на нашата физичка, туку и на нашата психичка состојба. Долготрајната изложеност на стрес може да предизвика напади на паника, со кои обично не можеме да се справиме без стручна помош.

18. Не можете да се фокусирате

Порано бевте педантни, точни, брзи и ефикасни, а сега едноставно не можете да се фокусирате на работата и обврските? Стресот си го зел својот данок.


19. Заборавност и губење на остроумноста

Дали ви треба долго време да ја разбистрите главата, не можете да ги средите мислите и често заборавате? Сето тоа се последици од стресот.

20. Претерувате со порокот

Наместо неколку цигари дневно, одеднаш без проблем пушите цела кутија. Поради чувството на притисок во стресни ситуации, повеќето луѓе бараат утеха во штетниот порок.




Спонзорирани линкови

Маркетинг