Фон дер Лајен ги повика Иран, Израел и нивните сојузници да се воздржат од ескалација

Макфакс

19/04/2024

13:59

1.178

Големина на фонт

а а а

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен ги повика Иран, Израел и нивните сојузници да се воздржат од ескалација на Блискиот Исток.

„Апсолутно е неопходно регионот да остане стабилен и сите страни да се воздржат од понатамошни дејствија“, рече Фон дер Лејен за време на посетата на Лапенрат со финскиот премиер Питер Орп, на околу 25 километри од руската граница, пренесе Ројтерс.

Италијанскиот министер за надворешни работи Антонио Тајани повика на „апсолутна деескалација“ по информациите дека Израел го нападнал Иран, велејќи дека неговите колеги од Г7 ќе разговараат за тоа на состанокот во Капри.

„Ги повикуваме сите да бидат внимателни за да се избегне ескалација“, изјави тој за РАИ, пренесе Гардијан. Г7, која ги вклучува Велика Британија, Америка, Франција, Германија, Јапонија и Канада, сака „апсолутна деескалација“ на Блискиот Исток, посочи Тајани.

Оман, кој дејствуваше како посредник на Блискиот Исток, го осуди израелскиот напад на иранска територија, како и „повторените израелски воени напади во регионот“, соопшти Министерството за надворешни работи на земјата.

Неименуван ирански функционер изјави претходно денеска, откако светските медиуми објавија дека Израел извршил напад на иранска територија и дека одекнале експлозии во иранскиот град Исфахан, но дека не е потврдено дека инцидентот бил предизвикан од странство. „Не утврдивме никаков надворешен напад, а истрагата повеќе се наклонува кон некој што се инфилтрира, наместо кон напад што дојде надвор од земјата“, рече тој, пренесе Ројтерс.

Тој изјави дека Иран нема непосредни планови да му се одмазди на Израел. Американски функционер претходно изјави за Си-Ен-Ен дека Израел го нападна иранскиот град Исфахан како одмазда за иранскиот напад врз Израел на 13 април, а иранските медиуми објавија дека три беспилотни летала биле соборени над Исфахан, пренесува Танјуг.



Спонзорирани линкови

Маркетинг