Една женска особина најмногу ги плаши мажите во љубовните врски – можете ли да погодите која?

Супермен

19/04/2024

16:45

6.505

Големина на фонт

а а а

Не е тајна дека многу од мажите не знаат како да се справат со одредени женски особини, а интелигенцијата е „најлоша“ од сите.

Колку пати во животот сте слушнале изјава дека мажите се плашат од паметните жени? Истражувањето на варшавското вишо училиште за економија под управување на Адам Карбовски, го потврдило овој стереотип.


Карбовски и неговиот тим анализирале експеримент во којшто 500 испитаници на Универзитетот во Колумбија учествувале во т.н. „брзи состаноци“. После секој состанок учесниците морале да го оценат физичкиот изглед и интелигенцијата на лицата со кои разговарале и на крај требале да напишат дали повторно би оделе на состанок.

Со анализа на експеримент било докажано дека мажите на втор состанок би отишле со жена која им е физички привлечна, но не со онаа која ја оцениле како многу интелигентна.

Од друга страна женските испитаници еднакво го ценат изгледот и паметот, но тие на состанок би пошле со маж којшто го сметаат за интелигентен, а не му дале висока оцена по прашањето на изгледот.


На прашањето зошто мажите всушност се плашат од паметни жени, експертите нудат едноставен одговор, поради споредувањето на сопствените интелигенции со жени затоа што тогаш им се буди чувство на несигурност:

„Мажите помалку ги привлекуваат жени кои се подобри од нив, а тоа е резултат на моменталното напредување на нивната перцепција на самите себе. Се чувствуваат помалку мажествено кога жената ќе ги надмудри“.



Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk