Неверојатната приказна на јунакот кој го „сруши“ ПСЖ: Прекарот го добил поради забите, до 30 години бил второлигаш

Супермен

02/05/2024

16:34

7.117

Големина на фонт

а а а

Стрелец на единствениот гол за победата на Борусија Дортмунд против ПСЖ беше Никлас Фулкруг, а овој германски напаѓач зад себе има навистина интересно фудбалско патување.

Иако веќе има 32 години, дури сега излезе на големата сцена и го игра најдобриот фудбал во кариерата. До 30-годишна возраст главно бил второлигашки напаѓач, а потоа неговите одлични настапи во Вердер Бремен му донеле повик во германската репрезентација каде сега е прв напаѓач.


Никлас вчера ја искористи одличната асистенција од Нико Шлотербек и му донесе минимална предност на Дортмунд во полуфиналето од Лигата на шампионите против ПСЖ. По реваншот, тој гол може да биде најважниот сезонава за популарните Милионери и сензационално да ги однесе во финалето на Лигата на шампионите, на што оваа сезона не се надеваа ниту оние најоптимистичните навивачи на клубот.

Но, патот на Фулкруг бил навистина тежок. Кариерата ја започнал во Вердер Бремен, а по одличната сезона во втората Бундеслига го сврте вниманието на бројни европски екипи кон себе. Во Вердер остана уште една сезона, а потоа премина во Борусија каде исто така одлично му оди годинава.

Како второлигаш започнал да добива повици во сениорската репрезентација на Германија каде на 15 натпревари постигна блескави 11 погодоци и со тоа го зацврсти своето место на претстојното Европско првенство.

Додека се борел за пласман во повисок ранг, Фулкруг се соочувал и со бројни тешкотии. Има една интересна приказна од еден тренинг на Вердер.


Имено, Фулкруг завршил во болница по несреќа на тренинг, а причината била судир со соиграч при што забот на соиграчот му се заглавил во челото. Случајниот судир со главите бил толку сериозен што и двајцата морале да одат во болница, а докторите морале да го отстранат забот од челото на Фулкруг.

„Беше многу опасно за мене поради заканата од инфекција предизвикана од бактерии“, се присетил фудбалерот на инцидентот.

Интересен е и прекарот што го носи тој. Имено, Никлас е познат како „Lucke“, што на германски значи „празнина“, а го добил поради изгледот на неговите предни заби.


Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk