[ФОТО] Сцена која многумина не ја забележале: Судијата свирел крај на полуфиналето на Лига шампиони, па веднаш почнал да плаче – ова е причината

Супермен

09/05/2024

13:08

6.963

Големина на фонт

а а а

Еден од најдобрите судии на светот, Даниеле Орсато, заплакал на натпреварот помеѓу ПСЖ – Борусија Дортмунд.

Екипата на Дортмунд ги шокираше Парижаните и после 1:0 во Германија, со истиот резултат победи и во престолнината на Франција.

Фудбалерите на Борусија Дортмунд веднаш истрчале кај навивачите после победата, а малкумина го забележале Орсато во истиот тој момент во којшто плачел.

Оние коишто го виделе Италијанецот во тој момент знаеле за што станува збор, а еден ден после натпреварот сѐ било објаснето.

Имено, реваншот бил последниот натпревар на Орсато во Лига на шампиони, а кога сфатил дека истиот завршил едноставно не можел да ги задржи емоциите.

Орсато е исклучително ценет во фудбалскиот свет, а на ФИФА списокот на судии се наоѓа од 2010 година, додека пак во текот на кариерата судел многу важни натпревари. Прогласен бил и за најдобар судија за 2020 година.


Тој има 48 години, а од судењето ќе се прости на Европското првенство во Германија.



Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk