Една од најубавите жени на светот се омажила за Србин, кој го оставила по 8 часа: Целата планета зборувала за нејзината афера со Бред Пит

Супермен

14/05/2024

15:46

23.278

Големина на фонт

а а а

Српскиот тениски инструктор, Светозар Толе Маринковиќ, дефинитивно ја надминал играта кога е бракот во прашање. Имено, тој се развел од актерката и модел, Робин Гивенс, истиот ден кога се венчале! Светозар и Робин се запознале кога тој ја подучувал тенис и одлучиле да се венчаат во 1997 година.

Моделот и актерка, Робин Гивенс (59), важела за една од најубавите жени во 80-тите години на минатиот век. За нејзината популарност сведочи и фактот што за малку не ѝ ја украла славата на познатата Наоми Кембел.


Красела бројни насловни страници на најпознатите списанија, а модните дизајнери се натпреварувале кој прво ќе ја ангажира. Таа, исто така, дебитирала на големото платно во популарната серија „Тhe Cosby Show“, по што следела и улога во ситкомот „Head of the Class“, по што улогите само се нижеле.


Меѓутоа, иако ѝ предвидувале блескава кариера и место на А-листата, скандалите кои засекогаш ѝ го обоиле животот засекогаш го извалкале нејзиното име и ѝ ја уништиле кариерата.

Имено, Гивенас многу брзо почнала да го добива не баш ласкавиот прекар „party girl“, а потоа и „ненаситна за мажи“, со оглед на тоа што мажите ги редела како на лента, а нејзиниот љубовен живот често бил тема на сите таблоиди.

Свадбата се одржала на плажа во близина на Сан Диего, а присуствувал дури и синот на Робин Гивенс, кој тогаш имал две години. Толе и Робин се разделиле истиот ден, по точно 8 часа!


Робин се прославила со бракот со Мајк Тајсон во 1988 година – познатиот боксерски шампион ја затекнал во кревет со Бред Пит, па следел развод.

Инаку, Светозар и Робин се забавувале една година пред самата венчавка, а таа врска успеала да го прослави инструкторот. По раскинувањето со манекенката, тој се повлекол од очите на јавноста, а за неговиот живот не се знае многу.

Нивната врска од самиот почеток била нестабилна. Како што подоцна изјавила манекенката, боксерот неретко бил насилен кон неа, дури и пред да се венчаат, додека Тајсон по разводот изјавил дека е „сериозно истрауматизиран од тој однос“.


Неговото богатство тогаш било проценето на вртоглави 50 милиони долари, а со Гивенс не потпишал предбрачен договор. Во еден момент, уште за време на нивниот брак, таа си купила вила од 4,3 милиони долари во богатото предградие Бернардсвил, Њу Џерси и тоа со пари од неговата сметка.

Гивенс подоцна изјавила во шоуто на Барбара Волтерс дека живеењето со Тајсон е „мачење, чист пекол, полошо од сè што можела да замисли“, а потоа продолжила да ја опишува неговата нестабилна природа.


Манекенката и актерка ја поврзувале и со Мајкл Џордан, со кој имала афера по разводот со Тајсон, а потоа со Еди Марфи во раните 90-ти. На листата се и актерот Дејмон Вејанс, Хауард Стерн, моделот Маркус Шенкенберг, како и актерот Хозе Санчез и многу други.



Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk