„Дури и малите оштетувања можат да влијаат на неговите перформанси“: Доктор ги анализирал последиците од ударот на Ѓоковиќ

Супермен

14/05/2024

19:04

8.124

Големина на фонт

а а а

Новак Ѓоковиќ доживеа непријатност на Мастерсот во Рим кога во текот на потпишувањето на автограми го погоди шише со вода во главата.

Се утврди дека шишето испаднало од ранецот на еден од навивачите кој го сакал потписот на најдобриот играч на светот и дека немал никаква намера да го повреди Ѓоковиќ.

Сепак, тоа можело да биде последица, посочува докторот Шон Мулен, кој го анализирал овој удар на социјалната мрежа „Х“.

Иако Ѓоковиќ изјави дека се чувствува добро, веќе следниот ден беше поразен од Алехандро Табило (6:2, 6:3).

Д-р Мулен истакнува дека тоа можело да биде многу загрижувачко за здравјето на српскиот тенисер.

„Неодамна го анализирав инцидентот во врска со тениската ѕвезда Новак Ѓоковиќ, кој случајно беше погоден во главата од нешто што изгледаше како делумно полно шише со вода од не'рѓосувачки челик. За да го разберам физичкото влијание, користев вештачка интелигенција за да ја пресметам силата на шишето кога удрило во главата на Новак. Пресметките сугерираат дека силата на ударот била 79,2 њутни - речиси како куче со средна големина кое скока врз вас“, вели д-р Мулен.

„Од неврофизиолошка перспектива, таквото влијание врз десната фронтално-париетална област може да биде доста загрижувачко. Оваа област на мозокот е критична за функциите поврзани со координацијата на движењата и обработката на сензорните информации. Почетните симптоми може да се движат од главоболки и вртоглавица до посуптилни когнитивни нарушувања, како што се тешкотии во концентрирањето или запомнување на стратегиите и игрите. За спортист како Ѓоковиќ, чиј стил на игра во голема мера се потпира на прецизноста, издржливоста и стратешкото размислување, дури и малите оштетувања можат да влијаат на неговите перформанси“.


Иако Ѓоковиќ не го потврди тоа, медиумите објавија дека по овој удар имал вртоглавици и мачнини.

„Од 24 до 48 часа по таков инцидент, најважно е да се следат знаците на потрес на мозокот или други невролошки нарушувања. Овие симптоми може потенцијално да ги нарушат неговите перформанси на тековните турнири, влијаејќи на времето на реакција и на донесувањето одлуки под притисок. Неопходно е медицинските професионалци да го проценат за да се осигура дека нема сериозни повреди и безбедно да го насочат кон враќањето во игра“, заклучил д-р Шон Мулен.


Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk