Пцујат, свират, па дури не се двоумат да излезат и физички да се пресметаат: Од која земја доаѓаат најнервозните возачи во Европа?

Супермен

17/05/2024

19:03

21.176

Големина на фонт

а а а

Свират, се расправаат, па дури и не се двоумат да излезат од автомобилот за физички да се пресметаат.

Веројатно повеќето од вас некогаш возеле автомобил во странство. Претпоставуваме дека тоа ви предизвикало одреден стрес, бидејќи возењето во секоја земја е специфично на свој начин, не толку поради сообраќајните правила кои се повеќе или помалку универзални, туку пред сè поради различните култури на возење.


Но, дали некогаш сте се запрашале во која земја се наоѓаат најлошите возачи во Европа? Истражувањето кое го нарачал најголемиот француски концесионер за автопатишта, „Vinci Autoroutes“, дава одговор на тоа прашање.

Во текот на истражувањето биле испитани 12.400 Европејци од 11 земји, кои одговориле како го доживуваат нивното возење, возењето на нивните сонародници и возењето на останатите жители на Стариот континент.

Резултатите од истражувањето во најмала рака се загрижувачки. Од сите испитаници, дури 79 отсто имале негативен став кон колегите возачи.

Во Велика Британија, четвртина од испитаниците изјавиле дека зад воланот се сосема различни луѓе, но ставот на Грците за возачите од другите земји е сосема неверојатен.


Дури 91 отсто од нив искажале негативен став, но се и критични кон своите сонародници, па Грција забележала најлоши резултати во истражувањето.

Пцуење, свирење, зборување на мобилен додека возат, па дури и излегување од автомобил во желба физички да се пресметаат - сето тоа се работи кои според Грците, нивните сонародници ги прават секојдневно.

Сепак, не е сè така црно - Шпанците и Британците се најмалку критични кон туѓото возење во нивните земји, додека Германците се љубезни кон своите сонародници и веруваат дека многу малку од нив се агресивни или неодговорни, пренесува „punkufer.hr“.


Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk