Официјално: Лопетеги се врати во Премиер лигата

Дерби

23/05/2024

14:59

2.162

Големина на фонт

а а а

Хулен Лопетеги беше пред трансфер во Милан и беше на праг да го замени Стефано Пиоли, но иницијативата од тифозите го блокираше неговиот премин на „Сан Сиро“ и така поранешниот шпански селектор остана слободен за други клубови.

Лопетеги имаше неколку понуди на маса и беше и во поширокиот круг на тренери на Баерн Минхен, меѓутоа на крајот Шпанецот се враќа во средина која му е доста добро позната, односно во англиската Премиер лигата.

Хулен во минатото успешно го водеше Вулверхемптон и добро знае како функционираат работите во англиската елита, но сега ќе има уште поголем предизвик, бидејќи ќе води клуб со поголеми амбиции.

Вест Хем ова попладне официјално потврди дека Лопетеги е наследникот на Дејвид Мојс, па со прва изјава се јави и поранешниот тренер на Реал Мадрид.

– Сметам дека во Вест Хем има фантастична платформа за успех. Последните години беа добри и се создаде добра база, но мојата амбиција како тренер е секогаш да се бара повеќе и да бидеме подобри.

– Моја цел е да барам повеќе, да ги подобрувам играчите и да бидеме компетитивни. Јас барам да се биде компетитивен на секој меч, тоа е амбицијата со која влегувам на секој натпревар, – вели Лопетеги.



Спонзорирани линкови

Маркетинг