Начо со емотивна порака до фановите на Реал: Сакам да ме паметите по едно нешто

Дерби

25/06/2024

15:36

1.577

Големина на фонт

а а а

Начо Фернандес имаше понуда на маса да остане барем уште една сезона во Реал Мадрид, но играчот кој е продукт на фудбалската школа на „кралевите“ на крајот одлучи да направи една промена во кариерата на 34-годишна возраст.

Искусниот стопер денеска ја информираше јавноста дека става крај на својата долга етапа во „кралскиот клуб“ од кој беше дел од 10-годишна возраст, а истата ја затвора како најуспешен играч во клупската историја во друштво на Лука Модриќ.

26 освоени трофеи го искачија на пиедесталот пред легенди како Марсело и Бензема, а судбината посака токму тој да ја подигне 15-та титула освоена во Лигата на шампионите.

– Изминативе месеци многу размислував, бев неодлучен и имав многу сомнежи, но денеска ви се обораќам да ви кажам дека ми е потребно едно последно поинакво искуство за мене и моето семејство. Сметам дека ова е перфектен момент за такво нешто. Оваа одлука е многу тешка за мене, но мислам дека е вистинско време да си одам во најдобра кондиција, свесен декеае го дадов најдоброто за овој клуб и за овој грб.

– Кога бев дете, сонував да играм на нашиот стадион „Сантијаго Бернабеу“, а денеска имам чест да ја завршам мојата етапа како капитен кој ја подигна 15-та титула во Лигата на шампионите. Не постоја зборови со кои може да се опише тоа чувство. Сите во тимот се мои браќа, тоа се најдоборите играчи, најдобритее соиграчи и пријатели. Тренеру, ме направ поодобар со твоите барања да бидам подобра верзија од сеебе. Ти благодарам што ме чуваше и што секогаш ме сфаќаше. Мадридисти, вашите големи барања не прават поголеми како играчи. Ви благодарам за се, тоа што ве претставував вас ме направи посилен од се.

– Сакам да им се заблагодарам и на луѓето кои секојдневно работеа со мене низ сите овие години, тренери, физиотерапевти, медицински лица, луѓе задолжени за маркетинг и комуникација, економите и сите вработени во клубот. Благодарност и до моите родители, мојата сопруга и децата. Секогаш беа заедно со мене на овој пат, понекогаш не беше лесно, но секогаш ми бевте поддршка. Се збогувам од Реал после 24 години исполнети со страст, пасија и апсолутна посветеност. Сакам да ме паметите како дете од школата кое ДАДЕ се за клубот. Ви благодарам од срце. Од денеска ќе викам за секоја титула и за секој гол како фан плус. Реал Мадрид е во моето срце, – порача Начо.



Спонзорирани линкови

Маркетинг