Никол Шерцингер (45) е позната по својот раскошен глас, убавина, но и згодното тело, кое се чини дека од година во година изгледа сè подобро. Таа е навистина некој кој може да се пофали со беспрекорна фигура во петтата деценија.
Никол ги воодушеви и мажите и жените со новото видео кое го објави на социјалната мрежа Инстаграм и покажа зошто не ѝ одолеал ниту 8 години помладиот вереник.
Имено, во споменатото видео Никол танцува со вереникот Том Еванс и пријателите, а до израз дошло нејзиното извајано тело, бидејќи пејачката носела костим за капење кој ги истакнал нејзините гради, а изрезите на колковите се посебна приказна.
Покрај фановите, нејзиното видео го коментираа и познати личности и сите се согласија во едно - Никол изгледа подобро од било кога!
„Дали пиеш некој еликсир на младоста? Жено, изгледаш како подарок од Бога“, „Никол, па сите други“, „Не можам да престанам да гледам“, се само дел од коментарите.
За потсетување, Шерцингер и нејзиниот партнер Том се верија минатата година на Хаваи. Таа среќната вест ја сподели на Инстаграм.
Парот се запознал во 2019 година кога рагбистот учествувал во „The X Factor: Celebrity“ со бендот „Try Star“. Извесен период се шпекулираше за нивно раскинување, но и двајцата потврдија дека сè уште се во врска.