[ФОТО] Цела плажа гледала во сестрата на славниот фудбалер: Кога ќе ги видите овие сцени, сè ќе ви биде јасно

Супермен

14/06/2024

18:24

12.500

Големина на фонт

а а а

Сестрата на познатиот фудбалер Нејмар, Рафаела Сантос, привлекува внимание со својот изглед каде и да се појави.

Овојпат папараците ја снимиле на плажа каде уживала во сончевиот ден со своите пријатели.

Таа носела црно-бел костим за капење, а нејзините раскошни облини било невозможно да не се забележат. Токму за нејзините облини многумина тврдат дека се вештачки и дека Рафаела направила бројни зафати на нејзиното тело.


Рафаела инаку е голем поддржувач на својот брат и страсна обожавателка, а колку знае да се соживее во навивањето, говори и фактот што во една прилика, славејќи еден негов погодок, таа го изместила рамото. Братот и сестрата се многу блиски, заедно пораснале во скромен дом во Сао Паоло и често споделуваат заеднички фотографии на социјалните мрежи, а таа често го придружува и на патувања.


Рафаела на Инстаграм ја следат 6 милиони луѓе, а нејзиниот постар брат неверојатни 221 милион луѓе. Својата блискост ја покажаа и со тетоважите кои си ги посветиле еден на друг – таа на левата рака ги истетовирала неговите очи додека тој на раката го истетовирал нејзиното лице.


Во моментов и двајцата уживаат во својот сингл живот, откако Нејмар ја прекина врската со Бруна Бјанкарди, со која беше во врска нешто повеќе од една година. Рафаела е слободна по раскинувањето со фубалерот Лукас Лима, а иако се шпекулираше дека се смириле, тие тоа не го потврдија. Пред тоа, таа се забавуваше со близок пријател на нејзиниот брат, Габигол, кој некогаш го нарекуваа новиот Нејмар.



Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk