[ВИДЕО] Вуди Харелсон пред 3 години целосно се откажал од мобилниот телефон: „Живеам посреќно и позадоволно“

Супермен

27/06/2024

20:43

2.259

Големина на фонт

а а а

Во епизода од поткастот на актерот Тед Дансон, „Where Everybody Knows Your Name“, актерот Вуди Харелсон му раскажал на водителот за неговите комуникациски навики и за тоа како живее живот без технологија.

Актерот открил дека со години не носи мобилен телефон бидејќи во еден момент сфатил дека станал зависен од уредот.

Вуди појаснил дека едноставно не сака да биде достапен за секое човечко суштество во секое време.

„Сакам да бидам во контакт со луѓе, но не постојано“, изјавил Харелсон.

Пред три и пол години Харелсон целосно се откажал од телефонот преку кој повеќе испраќал пораки отколку што разговарал, вели тој. Најпрвин поставил лимит на испраќање пораки на два часа, но лимитот брзо го достигнувал веќе до 9:30 часот наутро, па користењето на телефонот целосно го укинал.


Актерот навел дека воопшто не користел никакви апликации и не примал повици, туку само одговарал на мноштво текстуални пораки. Тој објаснил и дека за време на вечера со некого, мобилните телефони се главни виновници за паузата во разговорот.

Затоа целосно се откажал од мобилниот телефон и вели дека сега живее посреќно и позадоволно.


Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk