Ја нарекуваат турската Адријана Лима, а многумина велат дека е уште поубава: Во минијатурно бикини го покажа совршеното тело и ја оправда оваа споредба

Супермен

28/06/2024

14:02

5.500

Големина на фонт

а а а

Турската актерка Афра Сарачоглу е ѕвезда на серијата „Златен кафез“, а нејзиниот атрактивен изглед често привлекува внимание, како во Турција, така и надвор од границите на нејзината земја.

Актерката која ја нарекуваат турската Адријана Лима, на својот Инстаграм профил објави фотографии од летување на кои позира на лежалка во цветно бикини.

„Шпанија е секогаш добра идеја“, напишала Афра во описот на објавата додека пие коктел и ги впива сончевите зраци, а обожавателите ја опсипале со комплименти.


„Најубавата девојка на светот“, „Толку си убава“, „Супермодел“, „Поубава и од Адријана Лима“, се само дел од коментарите.

Инаку, оваа 25-годишна убавица пораснала без татко, а откако нејзините родители се развеле, таа со мајка ѝ се преселила од Истанбул во мало гратче на брегот на Егејското Море, а потоа заминала на југот на Турција.


Првата улога ја остварила додека студирала, во филмот „Втора шанса“ во режија и продукција на Озџан Дениз. Афра тогаш имала само 18 години и се заљубила во нејзиниот режисер.

Родителите на Афра не сакале да ја прифатат врската меѓу неа и Озџан, но и покрај тоа, двајцата останале во врска речиси една година додека тој не се вљубил во Фејза Актан, со која има дете и со која се ожени во 2018 година, а потоа се разведе една година подоцна.


Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk