Исплива скандалозно видео: Навивач фатен како шмрка кокаин за време на натпреварот помеѓу Англија и Словачка

Точка

01/07/2024

21:04

3.146

Големина на фонт

а а а

На социјалните мрежи кружи шокантно видео од Европското првенство! Навивачите знаат да се опуштат за време на навивањето, но не би требало бидејќи никогаш не знаете во кој момент ќе ве фатат камерите.

Тоа на своја кожа го почувствувал еден навивач на Англија, кој бил во навивачката зона во Њукасл. Камерите на „Sky Sports“ го фатиле како консумира бела прашкаста материја на натпреварот меѓу „Гордиот Албион“ и Словачка (2:1), додека околу него владеело лудило.

Англичаните беа на прагот на елиминација, губеа со 1:0, но во петтата минута од надополнувањето Џуд Белингем постигна погодок за 1:1, а Хари Кејн во првата минута од првото продолжение за 2:1.

На навивачите не им беше лесно, мислеа дека ќе си одат дома, па по пресвртот и водството дојде до лудо славје на трибините. Додека повеќето пееле и славеле, камерата фати еден навивач кој накратко ја прекинал прославата. Тие го снимиле како шмрка дрога, ја подава на друг навивач, а потоа продолжуваат каде што застанале како ништо да не се случило.

Главниот јунак на оваа приказна бил највесел по дополнителниот стимуланс.



Спонзорирани линкови

Маркетинг