Беше најскап фудбалер на светот, а сега е суспендиран на четири години: „Не сум готов“

Точка

02/07/2024

15:49

3.080

Големина на фонт

а а а

Пол Погба е суспендиран на последниот ден од февруари на четири години поради користење недозволени средства. Поточно, на иницијатива на италијанското антидопинг обвинителство, Погба беше суспендиран со одлука на судот бидејќи тестот на кој беше подложен по натпреварот меѓу Удинезе и Јувентус на 20 август 2023 година покажа дека има вишок тестостерон. Сепак, некогаш бараниот француски играч за врска не се откажува од кариерата.

„Сè уште сум фудбалер. Сакам да застанам против оваа, според мое мислење, неправда. Погба не е завршен. Погба е тука и не грижете сè додека не ме слушнете да кажам дека е готово. Имам неверојатна желба да се вратам. Се чувствувам како момче кое сака да биде професионален фудбалер, тренирам и правам се за да се вратам на теренот.


Во 2016 година Јунајтед го плати 105 милиони евра

Целата кариера ја помина во Манчестер Јунајтед и Јувентус. Тој се приклучи на академијата на Манчестер Јунајтед во 2009 година како 16-годишник од Ле Авр. Три години подоцна се пресели во Јувентус без обесштетување. По четири години, летото 2016 година, тој се врати во Јунајтед за сума од 105 милиони евра, со што тогаш стана најскапиот фудбалер во историјата.


После шест години, Погба повторно го смени Јунајтед во Јувентус во 2022 година, и повторно без обесштетување. Но, во втората сезона таму поради повреди и споменатата суспензија поради допинг одигра само 12 натпревари. Со Јувентус освои четири шампионски титули и два купа, сите во првиот мандат во тој клуб. Играјќи за Манчестер Јунајтед го освои Лига Купот и Лига Европа.




Спонзорирани линкови

Маркетинг