[ВИДЕО] Насмеаниот Јамал не сакал да каже за кого беше упатена пораката преку камерите, но набрзо беше разоткриен

Супермен

10/07/2024

14:20

14.046

Големина на фонт

а а а

Ламин Јамал продолжи да ја воодушевува фудбалската јавност во полуфиналето на Европското првенство, откако го постигна еден од најубавите голови на првенството во победата на Шпанија над Франција од 2:1 и стана најмладиот стрелец во историјата на ЕУРО.

Јамал одигра беспрекорна партија иако има само 16 години, а вниманието на сите што го следеа натпреварот го привлече и неговиот потег по крајот на истиот.

Камерманот му пришол на Јамал додека ја славел победата, а потоа младиот крилен напаѓач рекол во камерата „Зборувај сега, зборувај сега“.

Прашањето за таа порака било неизбежно на прес-конференцијата по натпреварот, но фудбалерот не сакал да открие кому ја упатил.

„Личноста на која ѝ го порачав тоа ќе знае“, кратко одговорил Јамал со насмевка на лицето.

Иако Јамал не сакал да го потврди тоа, повеќето странски медиуми се согласни дека пораката е упатена до францускиот везист Адриен Рабио, кој во изјава пред натпреварот се осврна на младиот Шпанец.

„Доколку Ламин Јамал сака да игра во финалето на ЕУРО со Шпанија, ќе мора да направи многу повеќе против нас отколку што направи досега. Ќе извршиме притисок врз него и нема да му биде удобно“, рече Рабио пред натпреварот, а Јамал му одговори со гол и гореспоменатата порака по мечот.

Инаку, Јамал ден пред финалето во кое „Црвената фурија“ ја чека Холандија или Англија ќе го прослави 17-от роденден.


Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk