[ВИДЕО] „Сум посетила 35 земји, но ова никаде не сум го видела“: Французинка се преселила во Белград и две нешта најмногу ја изненадиле – „Тоа е нашиот менталитет“

Точка

20/07/2024

13:40

9.615

Големина на фонт

а а а

Жули Ле Девеа, Французинка со руско потекло која пред извесно време се преселила во Белград, неодамна стана вирална на социјалните мрежи поради нејзините видеа и симпатични опсервации на српскиот главен град.

Во последните видеа објавени на ТикТок, Жули објаснила што таа, како некој што го пропатувал светот, забележала на улиците на Белград – а тоа не го видела на друго место.

„Тоа никаде не сум го видела“

Прво открила што најмногу ја изненадило во Србија.

„Живеев во Франција, Русија, Грузија и Турција, имам посетено околу 35 земји во светот, така што мислам дека имам право да ја споредам Србија со останатите земји.


Значи, тренд кој не сум го видела никаде во Европа е тој огромен број на деца, особено тинејџери кои постојано се без своите родители во воз, автобус, кафулиња, насекаде! Тие се шетаат, играат. И не велам дека тоа е лоша работа, воопшто не, навистина е убаво. Само сум изненадена од бројот на деца. Можеби не е толку чудно, но споредувајќи ги Париз, Москва, Истанбул, се забележува дека овде има многу семејства и деца. Дали тука семејството игра важна улога или јас само „улетав“ во бејби бум период?“, прашала Французинката.

Многу Срби ѝ напишале во коментари дека тоа што го гледа едноставно значи дека Белград, за разлика од некои други европски земји, сè уште е донекаде безбеден, со што се согласила и самата Жули.

„Дали некој работи во овој град?“

Исто така, Французинката во друго видео открила што е второто нешто што најмногу ја изненадило во Белград.

„Има една работа што не ја разбирам овде. Дали некој во овој град работи? Затоа што гледам многу луѓе во кафулињата во време кога треба да работат“, ги прашала таа луѓето додека ги снимала преполните кафулиња.


„Тоа е нашиот менталитет“

Многу Срби, но и Балканци веднаш ѝ објасниле зошто е тоа така.

„Тоа е нашиот менталитет, не само во Белград, така е и во Босна, Хрватска... Дури и во Словенија“, „Затоа што животот не е работа. Се работи за слобода на секое ниво“, „Работиме за да живееме, не живееме за да работиме“, „Знаеме дека можеме да направиме сè, па не се ни трудиме повеќе, само се опуштаме“, „Исто е и во Македонија“, гласат дел од коментарите под видеото



Спонзорирани линкови

Маркетинг