[ФОТО/ВИДЕО] Како да изберете совршена лубеница? Одговорот го дал земјоделец од Опузен: „Ма какво чукање, па секоја чука!“

Точка

20/07/2024

15:36

7.428

Големина на фонт

а а а

Сезоната на лубениците конечно пристигна, а со неа и вечното прашање – „Како да се избере онаа вистинската?“.

Секој пат кога ја сечеме, се надеваме на најдоброто – совршено црвена внатрешност, богат сок и неодолива сладост. Откако ќе ја исечеме лесно е да се увериме дека е црвена и слатка, но како да го знаеме тоа однапред?


Секој има своја тактика, па на одделот за овошје и гужва постојано е како на автобуска станица. Едни ја превртуваат, други ја вагаат, додека трети чукаат по кората во потрага по шуплив звук. Без оглед на тоа која тактика ја користите, секогаш постои доза неизвесност и несигурност.

Во потрага по проверените методи, нашите колеги од „Слободна Далмација“, се упатиле кон Опузен, во долината Неретва.


Таму го нашле Мирко Матага и неговите две деца Матео и Михаела како берат лубеници. Искусниот произведувач на лубеници со задоволство со хрватските новинари ги споделил неговите трикови за препознавање на зрели и сочни лубеници.

„Ма какво чукање, па секоја чука. Совршената лубеница ќе ја препознаете по бојата на горниот и долниот дел од кората. Лубеницата е зрела кога зелените шари на горната страна ќе се раздвојат и ќе почнат да добиваат посветла боја. Ова дополнително можете да го проверите со гледање на долната страна, на која би требало да има жолта дамка. Таа дамка го претставува местото на кое лубеницата лежела на земја за време на созревањето. Колку е пожолта, толку е позрела лубеницата“, објаснил Матага, сопственикот на „ОПГ, Мирко Матага“.

Неговото семејство со години се занимава со одгледување на лубеници, а помеѓу различните сорти на лубеници се одлучиле за одгледување на фантазија и романса. Ги одбрале поради добриот принос и квалитетот на самиот плод. Тие две сорти имаат многу повеќе шеќер и послатки се од останатите, поради што се омилени меѓу потрошувачите.

Семејна традиција

„Се започна откако моите родители за време на војната останаа без работа. Бараа алтернатива и полека почнаа со одгледување лубеници. На почетокот сè се засноваше на семеен бизнис, количините беа такви да моето семејство можеше да прави само сè без никаков проблем. Со текот на времето производството напредна и почна да се шири, па денес мојот ОПГ произведува околу 200 тони лубеници“, раскажал Матага.

Одгледувањето лубеници воопшто не е лесна работа, нема претерано користење механизација и најголемиот дел од работата се извршува исклучиво рачно. Садењето започнува на почетокот на април, првите лубеници се очекуваат кон крајот на јуни, додека бербата трае до почетокот на август, понекогаш дури и до средината на осмиот месец.


Бербата се врши што е можно порано, околу 4 часот наутро. Притоа, големите жештини и наоѓањето работна сила се најголемите предизвици. На нивната нива, секогаш истовремено берат 6 работници, по тројца во пар од секоја страна. На средината на полето се остава премин за камионот кој веднаш се полни со лубеници. По завршувањето на работата, потребни се само три часа за овошјето да стигне до Дугопоље, односно до магацинот на синџирот маркети Студенац.

„Трк“ по домашно


На вкусот на лубеницата нема да влијае дали таа е поголема или помала, но на сладоста значително влијае нејзиното потекло. Увозните лубеници се берат позелени за да го издржат долгиот пат до полиците на продавниците.

„Разликата во сладоста меѓу домашната и увозната лубеница е огромна, домашната е послатка и до 30%. Нам на локалците ни е најлесно да произведеме нешто, проблем е како производот да го пласираме на пазарот. Откако започнав соработка со Студенaц, веќе не морам да се грижам за пласманот, туку можам да се концентрирам на производството на што повеќе квалитетна лубеница“, објаснил Мирко.


За да се уверат во неговата изјава, пробале по едно парче лубеница. Велат дека не знаат дали тоа е поради долгото патување или околината во која го дегустирале, но дефинитивно било најсочното парче лубеница кое некогаш го „загризале“, воодушевени се колегите од „Слободна Далмација“.




Спонзорирани линкови

Маркетинг