[ФОТО] Ќерката на Кејт Мос во најминијатурно бикини пожешка и од најтоплиот јулски ден: Фотографиите од плажата „жарат и палат“, а таа плени со самодоверба

Супермен

22/07/2024

08:27

19.783

Големина на фонт

а а а

Ќерката на светски познатиот модел Кејт Мос, 21-годишната Лила Грејс Мос Хек, „уловена“ е за време на летувањето на плажа во Шпанија, а новите фотографии предизвикаа бројни коментари од обожавателите, кои уште еднаш потврдиле дека Лила е достојна наследничка на нејзината мајка, но и зошто е на листата на најбараните светски модели.

Лила Мос носела екстремно мали црни бикини, кои одлично ја истакнале нејзината витка линија и фигура, а свесна за себе, својот изглед и извајаното тело, позирала на плажата игнорирајќи ги љубопитните погледи на јавноста на шпанскиот остров Форментера.

Ќерката на славната Кејт Мос, инаку, е студентка на престижниот „Parsons School of Design“ во Њујорк, каде една година чини околу 50.000 долари, а со манекенството започнала да се занимава следејќи ги стапките на мајка си на само 14-годишна возраст. На таа возраст и Кејт Мос започнала да ја гради својата кариера.


Соработка со мајка си и преземање на нејзините клиенти

Во едно интервју таа признала како немала поим дека нејзината мајка е „голема фаца“ – сè додека не станала тинејџерка, а набрзо тие две почнале да соработуваат на разни проекти, како фотосесија за насловната страница на италијанскиот „Vogue“ и неколку кампањи за познати светски брендови.


Исто така, Лила ја заменила Кејт на „позицијата“ заштитно лице на брендот „Calvin Klein“, која славната мајка ја имала уште од раните 90-ти.


Дијагностициран дијабетес во детството

На фотографиите од плажата во Шпанија забележливо е и дека младата манекенка има апарат за континуирано мерење на шеќерот во крвта на бутот и надлактицата и инсулинска пумпа, која ја носи бидејќи кога била дете ѝ дијагностицирале дијабетес тип 1.

Пумпата и глукометарот ги носела и во 2021 година на ревиите на Модната недела во Париз, една година подоцна на Мет Галата, а потоа и во кампањите за „Versace“ и брендот „Fendi“.


Тоа ѝ донело многу обожаватели меѓу младите луѓе, не само оние кои и сами имаат дијабетес.



Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk