Крвната група може да го открие вашиот карактер: Во Јапонија дури и ги вработуваат луѓето врз основа на ова, додека во љубовта – компатибилни се овие парови

Точка

25/07/2024

19:41

15.266

Големина на фонт

а а а

Како што постојат компатибилни крвни групи за трансфузија, така и некои комбинации се подобри и полоши во односите, а групата носи одреден карактер, вели јапонското учење.

Во триесеттите години од минатиот век, Јапонците почнале да развиваат теорија за поврзаноста помеѓу крвните групи и личноста, а еден од првите бил научникот Фурукава Такеџи.


Во Јапонија речиси сите знаат кој тип го имаат, а извесни компании одат дотаму што ги распоредуваат работниците на работни места кои одговараат на нивната крвна група.

Во теоријата на крвната личност Rh факторот не игра никаква улога, а постојат 4 крвни групи:

0, А, B, и AB.

Постојат научни докази дека зачнувањето полесно се случува помеѓу некои крвни групи, а наводно постојат и комбинации на крвни групи кои добро функционираат заедно. Луѓето со крвна група А најдобро се согласуваат со крвните групи A и AB, крвната група B со крвните групи B и AB, крвната група AB со крвната група 0 и A и крвната група 0 со крвните група со оние кои ги имаат крвните групи 0 и AB.

Крвна група 0


По правило, луѓето со крвна група 0 се крајно социјални и спонтани.

Тие често ги иницираат работите и настаните, иако многупати нема да го завршат она што го започнале. Тие се креативни и многу популарни во својата средина и сакаат да бидат во центарот на вниманието. Имаат поголема самодоверба од припадниците на другите групи.

Крвна група А


Луѓето кои имаат крвна група А изгледаат многу смирени и сталожени. Меѓутоа, тие всушност ги кријат своите мисли кои никогаш не исчезнуваат и знаат како да ги направат немирни. Тие се големи перфекционисти. Од сите групи, крвната група А е најсклона кон уметност и таков вид изразување. Најчесто тие се донекаде повлечени, сигурни и чувствителни.

Крвна група B


Луѓето со крвна група B се многу приземни и често ориентирани кон целите во нивниот живот. Затоа тие се одлични работници и не се откажуваат од своите идеи сè додека не ги спроведат на дело. Оваа упорност може да ги чини емотивниот живот – знаат да инсистираат на врските иако истите не функционираат. Од сите групи, тие се најиндивидуални и тешко се разликуваат од другите.

Крвна група AB


Оние кои ја носат оваа крвна група всушност се карактеристична комбинација на крвната група А и B, во која секогаш едната преовладува малку повеќе.

Прочитајте ги описите и пронајдете го оној кој повеќе ви одговара. Заедничко им е тоа што се одговорни, доверливи и секогаш подготвени да им помогнат на другите.




Спонзорирани линкови

Маркетинг