Ја нарекуваат најубава олимпијка: Заносната Германка (25) одби да позира за Плејбој, откри дека добива непристојни понуди

Точка

27/07/2024

12:19

22.003

Големина на фонт

а а а

На прв поглед, Алиса Шмит лесно може да се помеша со една од моделите на „Викторија сикрет“.

Олимписките игри во Париз започнаа, а сите погледи се вперени во нашите спортисти. За време на спектакуларното отворање имавме можност да ја видиме и слушнеме музичката дива Селин Дион, носењето факел, како и парадата на српските олимпијци.


Покрај спортистите и целата организација, се коментира и секој детал од церемонијата. Во оваа прилика бројни медиуми јавија за 25-годишната атлетичарка која се пласираше на Олимписките игри во Париз во германската мешана штафета 4х400 метри.


Која е заносната убавица?

Алиса Шмит многумина ја сметаат за најубава олимпијка, а многумина често ја нарекуваат и една од најубавите спортистки во светот. Со совршени црти, продорни сини очи и бујна руса коса и манекенска градба, Алиса лесно може да помине како еден од топ моделите на „Victoria's Secret“.


Добила понуда да позира за „Плејбој“, но таа одбила. „Фокусиранa сум на спортот, сакам сите да го знаат тоа. Моите фотографии самa ги објавувам. Покрај убавиот изглед, мора да имате и нешто друго, за мене тоа е атлетиката.Добивам многу непристојни понуди во приватни пораки. Не се замарам премногу со тоа“, рече таа во едно интервју.


Омилена тема - храна

Алиса ужива во здрава храна и готви кога и дозволува напорниот распоред. Таа е љубител и на суши и сурфање. „Моето семејство секогаш вели дека храната е мојата омилена тема“, рече таа.




Спонзорирани линкови

Маркетинг