[ВИДЕО] Суарез без постигнат гол ја заврши богатата репрезентативна кариера

Точка

07/09/2024

10:31

2.646

Големина на фонт

а а а

Уругвај ремизираше со Парагвај 0-0 во квалификациите за Светското првенство, а Луис Суарез ја заврши кариерата со 69 гола на 143 настапи. Бразил ја прекина црната серија со победата над Еквадор со голот на Родриго.

Легендарниот уругвајски напаѓач Луис Суарез (37) се прости од националниот тим во петокот во Монтевидео со ремито 0-0 против Парагвај во квалификациите за јужноамериканската зона за Светското првенство во 2026 година. Уругвај имаше само еден удар кон голот на противникот, а тој удар беше во режија на Суарез, кој ја погоди стативата во 18. минута.


Популарниот „Пистолеро“ по 17 години се повлече од небесно синиот дрес со ефект од 69 гола во 143 настапи како најдобар стрелец во историјата на репрезентацијата“. „Ти благодарам за се, +Лучо+!“, „Ти беше и ќе останеш мој вечен идол“, „Ти си единствен и неспоредлив“, пишуваше на некои од многуте проштални пораки на стадионот Сентенарио, каде се собраа повеќе од 60.000 гледачи.

Со освоен бод во прошталниот натпревар на својот херој, Уругвај и натаму е втор со 14 бода, зад Аргентина (18), во овие квалификации од јужноамериканската зона.


Бразил се врати на победите во квалификациите со победата од 1-0 на домашен терен во Куртитиба над Еквадор, благодарение на голот во првото полувреме на напаѓачот на Реал Мадрид, Родриго. По серијата порази во три последователни квалификациски меча, Бразил направи доволно за да ја заслужи победата со која петкратниот светски шампион се искачи на четвртото место на табелата со 10 бода. Заостануваат осум бода зад водечката Аргентина и само два бода повеќе од шестопласираниот Еквадор, последен што гарантира патување на Светското првенство во 2026 година.

- Ни требаше оваа победа, без разлика дали беше грда или не. Среќен сум за победата и голот и се надевам дека ќе ни помогне да станеме подобри и да напредуваме на нивото на кое сакаме да стигнеме – изјави Родриго за бразилската ТВ Глобо.

Бразил во вторник ќе се соочи со Парагвај во Асунсион, додека Еквадор во понеделник ќе му гостува на Перу во Кито. Колумбија одигра 1-1 со Перу во Лима и е на третото место со 13 бодови, додека во следното коло ги пречекува Аргентинците.



Спонзорирани линкови

Маркетинг