Ова е жената која легендарниот Дражен Петровиќ го „одвезла“ во смрт: По несреќата ѝ се случиле уште две трагедии, а неговата мајка никогаш не ѝ простила

Точка

06/09/2024

18:44

14.957

Големина на фонт

а а а

Загрепската Арена вчера беше центар на голем кошаркарски спектакл, а сето тоа во чест на легендарниот Дражен Петровиќ, кој годинава ќе го прославеше својот 60-ти роденден.

Меморијалниот натпревар беше причина што бројни некогашни и сегашните кошаркарски ѕвезди го посетија главниот град на Хрватска. Спортската сала била исполнета до крај, а покрај спектаклот на теренот, во сеќавањето ќе останат големите зборови, емоции и солзи во чест на единствениот Дражен.


Познатиот југословенски и хрватски кошаркар со српско потекло Дражен Петровиќ го загуби животот во тешка сообраќајна несреќа која се случи на 7 јуни 1993 година. Имал 28 години и бил на врвот на кариерата.

Трагедијата се случила на автопатот Нирнберг-Минхен кога црвениот голф со кој управувала девојката на Дражен, Клара Шаланци, манекенка и кошаркарка, со брзина од 160 километри на час удрила во товарен камион.


Познатиот спортист, кој спиел на совозачкото седиште и не бил прицврстен, испаднал од автомобилот и починал на самото место. Клара се здобила со полесни повреди, а третото лице кое патувало со нив, турската кошаркарка Хилал Едебал, никогаш не закрепнала од ужасните повреди на мозокот поради кои речиси потполно го изгубила сеќавањето.


„Факт е дека Клара возела пребрзо. Таа била неискусен возач и во таква ситуација не умеела да се снајде баш најдобро. Таа удрила во шлепер кој се испречил на патот со брзина поголема од 160 километри на час. Не успеала ниту да изреагира, да закочи. И доколку успееше да се обиде да го запре возилото, прашање е како ќе би се одвивало сè со оглед на тоа што камионот пред нив се појавил изненадно. А тогаш следел страшниот удар од кој загина Дражен“, за „Слободна Далмација“ изјавил полицаецот кој меѓу првите пристигнал на местото на несреќата.


Бисерка Петровиќ, мајката на Дражен, никогаш не ѝ го простила пребрзото возење на Клара.

„Таа е монструм. Не е во контакт ниту со Хилал. Не ја посетувала ниту кога била болна, иако долги години биле пријателки и заедно играле кошарка од детството. Хилал студирала во Америка и кога се вратила, Клара ја поканила заедно да одат во Франкфурт за да го земат Дражен.“

Клара никогаш пред медиумите не зборувала за смртта на Дражен Петровиќ. Наводно, таа неколку пати го посетила неговиот гроб во Загреб и извесно време одржувала контакт со неговиот брат.



Неколку години по страшната несреќа го запознала германскиот фудбалер Оливер Биерхоф со кого се омажила во 2001 година, но и нивниот заеднички живот го одбележала трагедија. Првото дете го добиле во 2007 година, додека второто го загубила во 2010 година, во осмиот месец од бременоста. Истата година го изгубила својот брат Ладислав.




Спонзорирани линкови

Маркетинг