Полна батерија од 0 до 100% за помалку од 5 минути: Пристигнува првиот брз полнач од 300W

Супермен

09/08/2024

15:15

9.668

Големина на фонт

а а а

„Realme“ полначот од 240W моментално го држи рекордот за најбрзо полнење на батеријата на комерцијално достапен паметен телефон, а сега пристигнува неговиот уште побрз наследник.

Откако во февруари 2023 година воведе брз полнач со сила од 240W, „Realme“ се одлучи за нов „технолошки пробив“. Овој кинески произведувач ја најави премиерата на својот нов полнач од 300W на 14-ти август.

Сепак, малку е веројатно дека, барем во овој момент, ќе го видиме новиот брз полнач со некој актуелен телефон.


Слична иновација најави и „Redmi“, истакнувајќи дека неговата нова технологија ќе овозможи полнење на батеријата на смартфонот од 0 до 100% за помалку од 5 минути. Речиси 18 месеци по претставувањето, сè уште не е познато дали и кога таков полнач ќе биде комерцијално достапен со некој од уредите на овој подбренд на „Xiaomi“.

Полначот од 240W на „Realme“ моментално го држи рекордот за најбрзо полнење на батеријата на комерцијално достапен паметен телефон. Станува збор за моделот „Realme GT Neo 5“, првиот што беше лансиран во Кина со тоа брзо полнење, а кој подоцна беше претставен на меѓународните пазари под името „Realme GT3“.

Кинеската компанија тогаш вети полнење од 0 до 100% за помалку од 10 минути, а тестовите на тој телефон покажаа дека во пракса нема многу отстапување од тоа. Така, на тестот на сајтот „GSM Arena“, батеријата била целосно наполнета за 11 минути и 16 секунди.


Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk