[ФОТО] Новак му се заблагодари на „мистериозниот“ навивач: Секогаш доаѓа сам да го бодри тенисерот, се истакнува по еден интересен детаљ

Супермен

30/08/2024

12:45

11.118

Големина на фонт

а а а

Новак Ѓоковиќ моментално се наоѓа во Њујорк каде ќе се обиде да дојде до нов трофеј на УС Опен, а воедно и до 100-та титула во својата кариера.

Во текот на првите две рунди Новак од трибините имаше поддршка и од една специфична личност. Навивачот на Ѓоковиќ доаѓа сам на натпреварите на српскиот тенисер и на себе секогаш има специфични и многу впечатливи маици.

На едната пишува „Ноле против светот“, додека на другата во ист кош ги ставил Ѓоковиќ, Меси и Џордан и навел дека секој е „GOAT“ во својот спорт.

И самиот Новак го забележал овој навивач и го прокоментирал на конференцијата за медиуми.

„Сум го видел и претходно, благодарен сум за неговата поддршка. Секогаш доаѓа сам и секогаш носи интересни маици. Му потпишав повеќе маици и му се заблагодарив на поддршката“, изјавил Ѓоковиќ.

За потсетување, во третото коло на УС Опен, Новак ноќта меѓу петок и сабота ќе игра против Алексеј Попирин од Австралија.



Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk