[ВИДЕО] Луѓето не можат да веруваат дека двајцата имаат повеќе од 80 години: Креваат тегови, трчаат и тренираат, а и изгледаат подобро од повеќето млади парови

Супермен

27/09/2024

12:06

1.202

Големина на фонт

а а а

Повеќето од нас би се сметале за среќни ако живеат до 80 години без поголеми здравствени проблеми, но за една постара двојка од Канада, оптималната телесна форма во златните години претставува нивно секојдневие.

Бабата и дедото на поранешниот канадски рагбист Фил Мекензи станаа вистинска сензација на социјалните мрежи, благодарение на нивната исклучителна физичка подготвеност на возраст од 80 и 84 години, пишува Дејли Мејл.


Нивните неверојатни фитнес рутини, кои Мекензи редовно ги споделува на Инстаграм и ТикТок, инспирираат милиони луѓе ширум светот. Со речиси 500.000 следбеници на Инстаграм и над 870.000 на ТикТок, Мекензи ги импресионира следбениците со објави на кои се гледа како неговиот дедо крева тегови и прави 500 склекови дури 3 пати на ден - што е подвиг кој многу луѓе, дури и во 30-те години, тешко би го оствариле.

Покрај неговиот дедо, содржината на Мекензи често ја вклучува и неговата баба која редовно пешачи, се грижи за исхраната и спиењето и ужива во активен живот полн со енергија и виталност. Во едно од неговите видеа, Фил истакнува како распоредот на спиење, секојдневното одење и избегнувањето на преработена храна се клучни фактори кои ѝ овозможуваат на неговата баба да води „најисполнет и најспособен“ живот, дури и во нејзините 80-ти години.

„Нејзината енергија и сила се неверојатни. Скокањето на скали со висина од 50 центиметри во апостолки на 80 години е нешто што ги инспирира сите што ја гледаат“, додава Мекензи.

Овој необичен пар докажува дека староста не мора да биде синоним за слабост или телесна немоќ. Фил нагласува дека тајната на успехот на неговите баба и дедо е во доследноста:

„Мојот дедо отсекогаш се фокусирал на тренинзите на сила. До денес крева тегови и практикува рестрикција на калории“.

Според неговите зборови, намалувањето на внесот на калории и вежбањето не само што придонесуваат за здравјето, туку можат да го продолжат животниот век и да го подобрат квалитетот на животот.

Иако намалувањето на калориите може да звучи контроверзно, некои експерти веруваат дека контролирањето на внесот на храна го забавува биолошкото стареење и го подобрува метаболичкото здравје. Сепак, овој пристап не помина без критики, бидејќи ограничувањето на калории е исто така поврзано со потенцијални ризици како што се недостаток на хранливи материи и замор. Но, овие баба и дедо покажуваат со пример дека, со дисциплина и балансиран пристап, вежбањето и правилната исхрана можат да донесат долгорочни придобивки.


Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk