[ВИДЕО] Стомачни на кои паднаа жените: Дејвид Бекам се соблече и го покажа извајаното тело

Точка

27/09/2024

13:00

3.843

Големина на фонт

а а а

Познатиот фудбалер Дејвид Бекам (49) важи за еден од најголемите миленици на жените

Познатиот фудбалер Дејвид Бекам (49) важи за еден од најголемите миленици на жените, а иако одамна навлезе во петтата деценија и пошироко, со своето извајано тело се уште изгледа како момче.

Имено, Бекам неодамна на својот Инстаграм профил објави видео на кое покажува како ги започнува своите утра, а ниту една жена не останала рамнодушна на сцената. Бекам на самиот почеток во својата домашна теретана ја соблече кошулата и почна со утринскиот тренинг.


„Нема подобар начин да се започне денот“, напиша поранешниот фудбалер покрај објавата, а глетката предизвика поплава од коментари кај припадничките на понежниот пол ширум светот.

„Јас би била твојата клупа за вежбање“, напиша една обожавателка.

„Благослови го тој што го снимил“, воодушевено додала друга.


„Ова ми го разубави денот“, заклучи трета.

И додека Дејвид работи на својот физички изглед, неговата сопруга Викторија напорно работи на нејзиното претстојно претставување на модната недела во Париз, во придружба на нивниот син Ромео, кој присуствува на настани и забави во француската престолнина.



Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk