[ВИДЕО] Дали „Google“ нè слуша? Тиктокер направил експеримент, видеото е хит на социјалните мрежи

Супермен

04/09/2024

18:14

6.188

Големина на фонт

а а а

Инфлуенсерот Валерио објави еден експеримент на Инстаграм и ТикТок. Имено, тој истражувал дали „Google“ ги слуша корисниците преку микрофонот на мобилните телефони, лаптопите и компјутерите.

На почетокот на видеото тој најавува дека ќе зборува за играчки за кучиња, но не го изговорува тоа на глас. Додека ја истражувал темата на интернет, тој не пронашол ниту една реклама или линк поврзан со играчки за кучиња.


Речиси 6 милиони прегледи на ТикТок

Откако ги затворил сите пребарувачи, Валерио почнал да зборува сам со себе за играчки за кучиња, вклучително и каде да ги купи и каква храна би зел за своето куче кое всушност го нема. Кога повторно го отворил пребарувачот и по случаен избор отишол на страницата на „Daily Mail“, бил изненаден кога забележал дека на десната страна од екранот се појавуваат реклами за играчки и храна за кучиња.

Видеото собра над 60.000 лајкови на Инстаграм, а некои се пошегувале во коментари. „Штета за „Google“, не зборувам премногу“, „Можат ли тие да нѝ ги читаат и мислите?“, „Ау, ова е неверојатно“, се само дел од коментарите.

На ТикТок видеото има речиси 6 милиони прегледи и над 400 илјади лајкови.


Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk